Борел: Поради нападите во Идлиб за една година кон границата на Турција се раселени повеќе од 1 милион цивили

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел истакна дека поради воените операции коишто се започнати против Идлиб во февруари минатата година, за една година кон границата на Турција се раселени повеќе од 1 милион луѓе

1358107
Борел: Поради нападите во Идлиб за една година кон границата на Турција се раселени повеќе од 1 милион цивили

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и социјална политика Жозеп Борел во говорот што го одржа на седницата на Генералното собрание на Европскиот парламент (ЕП) во Стразбур истакна дека војната во Сирија е во својата девета година и информира дека поради нападите во Идлиб за една година кон границата на Турција се раселени повеќе од 1 милион цивили.

Борел рече: „Нападите во Идлиб резултираа со убиство на стотици цивили без притоа да се прави никаква разлика. Продолжуваат нападите против цивилите во густо населените места. Одговорните треба да положат сметка.“

Привлекувајќи внимание дека поради воените операции коишто се започнати против Идлиб во февруари минатата година, за една година кон границата на Турција се раселени повеќе од 1 милион луѓе, Борел истакна дека постои можност од зголемување на оваа бројка.

Жозеп Борел напомена дека треба да се применува договороот за прекин на огнот (меморандумот од Сочи од 2018 година) помеѓу Анкара и Москва, а воедно ја изнесе следната констатација: „Сирискиот режим, се додека го продолжи притисокот врз сопствениот народ и делува со логика на војна, нема да донесе мир и стабилност за земјата.“

Од друга страна, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и социјална политика Жозеп Борел, додаде дека нема да има нормализирање со сирискиот режим и ги прогласи за црвена линија чекорите коишто ќе доведат до насочување на помошта што се испраќа од страна на Европската унија (ЕУ) кон режимот или кон терористите.



Слични вести