Во воздушните напади на режимските сили во подрачјето на Идлиб загинаа 13 цивили

Во воздушните напади на воените авиони на режимот во центарот на градот Идлиб загинаа 12, а во селото Кефер Теал еден цивил, со што во овие напади животот го загубија вкупно 13 цивили

1357495
Во воздушните напади на режимските сили во подрачјето на Идлиб загинаа 13 цивили

Во период кога продолжуваат бомбардирањата на режимот на Бешар Асад и Русија во Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, во последните напади на режимот во ова подрачје загинаа уште 13 цивили.

Воените авиони на Асадовиот режим ги засилуваат воздушните напади врз цивилните населени места во подрачјето на Идлиб, додека воени авиони на Русија ги бомбардираат руралните подрачја на градот Алепо коишто исто така се наоѓаат во границите на Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб.

Во нападите на воените авиони на режимот во центарот на градот Идлиб загинаа 12, а во селото Кефер Теал еден цивил, со што во овие напади животот го загубија вкупно 13 цивили.

Руски воени авиони пак, почнувајќи од утринските часови ги бомбардираат центрите на населените места Етариб и Дарет Изе, како и месноста Урим ал-Кубра и селата Кефер Хамра и Џине и областа Лејремун кај градот Алепо во Зоната за намалување на загетнатоста во Идлиб.

Засега не се добиени информации за тоа дали има загинати или ранети во руските бомбардирања.

Од постигнатиот меморандум на 17 септември 2018 година во Сочи, во реализираните напади на режимот и неговите поддржувачи врз подрачјето на Идлиб досега загинаа повеќе од 1.800 цивили. 

Бројот на лицата кои избегаа и дојдоа во близина на границата со Турција од јануари 2019 година досега пак, достигна до 1 милион 767 илјади.



Слични вести