Столтенберг: „Повик од НАТО до режимот на Асад и Русија за итно суспендирање на нападите во Идлиб“

Остро ги осудувам нападите во Идлиб поради што ги повикувам режимот на Асад и Русија да ги суспендираат нападите

1357290
Столтенберг: „Повик од НАТО до режимот на Асад и Русија за итно суспендирање на нападите во Идлиб“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг упати повик до режимот на Асад и Русија за итно суспендирање на нападите во Идлиб во Сирија.

Столтенберг пред одржувањето на состанокот на министрите за одбрана земјите членки на НАТО во Брисел одржа прес конференција.

Столтенберг одговараше на прашањата: „Дали на состанокот на министрите за одбрана очекувате да се изнесат случувањата во Идлиб?, Која е вашата проценка во врска со порастот на нападите на силите на режимот на Асад кои се поддржуваат од страна на Русија?“

Столтенберг на прашањето во врска со случувањата во Идлиб рече дека секако дека очекува на состанокот да бидат изнесени случувањата во Идлиб. Столтенберг изрази „длабока загриженост“ од случувањата во Идлиб потенцирајќи дека нападите чија цел се цивилите предизвикаа миграции на сто илјадници граѓани.

Силите на режимот на Асад реализираа воздушни напади без некоја разлика и цел на истите беа дури и невините цивили.

Остро ги осудувам нападите во Идлиб поради што ги повикувам режимот на Асад и Русија да ги суспендираат нападите“ рече Столтенберг.

„Исто така го повикувам режимот на Асад и Русија да се придржуваат кон меѓународното право и под итно да ги прекинат нападите подржани од Русија а кои нанесуваат зулуми врз луѓето.“ рече Столтенберг.



Слични вести