Соборен хеликоптер на Асадовиот режим во близина на Серакиб во подрачјето на Идлиб

Соборен е хеликоптер на режимот на Бешар Асад во близина на населеното од местото Серакиб во подрачјето на Идлиб кадешто се водат жестоки судири помеѓу режимските сили и опозиционерите и антирежимските вооружени групи

1357365
Соборен хеликоптер на Асадовиот режим во близина на Серакиб во подрачјето на Идлиб

Во подрачјето на градот Идлиб, западно од населеното место Серакиб кадешто опозиционерите се обидуваат да ја повратат контролата од рацете на Асадовиот режим, е соборен хеликоптер на режимот.

Воените опозиционери, на фронтовата линија кај селото Нејраб западно од населеното место Серакиб и селото Афис во северниот дел уништија два тенка на режимските сили, а запленија еден тенк и противавионски топ со калибар од 23 милиметри.

Асадовиот режим и неговите поддржувачи на почетокот на овој месец со поддршка и на Русија од воздух, ги зазедоа центарот на населеното место Серакиб и некои села меѓу кои и Нејраб и Афис.

Подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија уште од самиот почеток на граѓанската војна во оваа земја е познато како упориште на опозиционерите и антирежимските вооружени групи.

Идлиб во март 2015 година премина под контрола на опозиционерите и заедно и со внатрешните раселувања бројот на населението овде  достигна до 4 милиони. Идлиб се наоѓа на чело на подрачјата кои што се подложени на најжестоките напади на режимот. 

Турција и Русија, на 17 септември 2018 година со цел зајакнување на прекинот на огнот постигнаа дополнителен меморандум во Сочи. Нападите беа прекинати за кусо време, а потоа режимските сили повторно започнаа со напади и во мај 2019 година започнаа копнена операција за целосно заземање на ова подрачје.

Од постигнатиот меморандум на 17 септември 2018 година во Сочи, во реализираните напади на режимот и неговите поддржувачи врз подрачјето на Идлиб досега загинаа повеќе од 1.800 цивили. 

Бројот на лицата кои избегаа и дојдоа во близина на границата со Турција од јануари 2019 година досега пак, достигна до 1 милион 767 илјади.



Слични вести