Кина го негираше американското обвинение за сајбер кражба

Постојат докази дека САД во минатото се бавеше со организирани сајбер кражби на податоците на странските држави, компании и индивидуалци без да прави некоја разлика

1357436
Кина го негираше американското обвинение за сајбер кражба

Кина ги негираше обвинувањата на САД насочени против 4 кинески војници за хакирање на агенцијата за рангирање на потрошувачки кредити „Equifax“ и крадење на податоците на 150 милиони клиенти.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина Гинг Шуанг во изјавата за печатот рече дека Кина е против сите видови на сајбер напади и нема да учествува во кражбата на трговските тајни на ниту една установа.

Постојат докази дека САД во минатото се бавеше со организирани сајбер кражби на податоците на странските држави, компании и индивидуалци без да прави некоја разлика, рече Гинг потенцирајќи дека Кина е само една од овие жртви.

Вчера Министерството за правда на САД ги обвини кинеските војници Ву Цијонг, Ванг Циен, Су Ки и Киу Ли за хакирање на податоците на „Equifax“ во 2017 година.

Наведените војници се обвинуваат за 9 посебни кривични дела од крадење на податоците за социјално осигурување на американските граѓани, броевите на возачките дозволи и други податоци.

Агенцијата за рангирање на потрошувачки кредити „Equifax“ важи за една од трите најголеми агенции на САД. По сајбер нападот во мај и јули 2017 година објави соопштение во кое истакна дека биле инфилтрирани податоците на околу 150 милиони потрошувачи.



Слични вести