ЕП го казни грчкиот парламентарец кој го скина турското знаме

Казната на грчкиот парламентарец ја објави претседателот на ЕП Дејвид Сасоли

1357589
ЕП го казни грчкиот парламентарец кој го скина турското знаме

Расистичкиот грчки парламентарец во Европскиот парламент кој на една седница го скина знамето на Турција, од страна на парламентот беше казнет со 4 дневно неучество на активностите на ЕП.

ЕП, грчкиот парламентарец Јоанис Лагос кој на една седница ги скина турското знаме, го казни со материјална казна и 4 дневно неучество на активностите на парламентот.

Казната на грчкиот парламентарец ја објави претседателот на ЕП Дејвид Сасоли. Европратеникот Лагос беше казнет со седумдневно одбивање на надоместоците и 4 дневно неучество на активностите на ЕП.

Грчкиот европарламентарец Лагос со кинење на турско знаме на една седница на ЕП на која се разгледуваше состојбата на мигрантите, ги привлече реакциите на Анкара.

Продолжува истрагата на Јавното обвинителство на Анкара против членот на ЕП Јоанис Лагос кој на седницата на парламентот го скина турското знаме.



Слични вести