Бројот на американските војници со трауматска повреда на мозокот во иранските напади се зголеми на 109

Во објавеното соопштение од американскиот Секретаријат за одбрана (Пентагон) се истакнува дека се хоспитализирани 109 американски војници кај кои е поставена дијагноза трауматска повреда на мозокот.

1357085
Бројот на американските војници со трауматска повреда на мозокот во иранските напади се зголеми на 109

Бројот на американските војници распоредени во воената база Ајн ал Асад во Ирак кај кои по иранските напади врз оваа воена база е поставена дијагноза „трауматска повреда на мозокот“.

Во објавеното соопштение од американскиот Секретаријат за одбрана (Пентагон) се истакнува дека се хоспитализирани 109 американски војници кај кои е поставена дијагноза „трауматска повреда на мозокот“.

Претходно беше соопштено дека бројот на американските војници кои претрпеле трауматска повреда на мозокот на крајот на јануари изнесува 64 војници.

Инаку, по убиството на Касим Сулејмани, командантот на Силите Кудс поврзани со Иранската Револуционерна гарда, во реализиран напад на 3 јанаури од страна на САД во близина на аеродромот во ирачкиот главен град Багдад, и Иран на 8 јануари реализираше ракетни напади врз воените бази Ајн ал Асад и Ербил во Ирак каде што се распоредени американски војници.



Слични вести