Асадовиот режим со поддршка и на Русија од воздух за 2 дена зазеде уште 10 населени места во подрачјето на Идлиб

Режимските сили со поддршка и на Русија од воздух, вчера и завчера ја презедоа контролата уште над 10 населени места во југозападниот дел на градот Алепо во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб

1357313
Асадовиот режим со поддршка и на Русија од воздух за 2 дена зазеде уште 10 населени места во подрачјето на Идлиб

Режимот на Бешар Асад и странските терористички групи поддржани од Иран со поддршка и на Русија од воздух, негирајќи ги договорите од Астана и меморандумот од Сочи за 2 дена зазедоа уште 10 населени места во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб.

Режимските сили со поддршка и на Русија од воздух, вчера и завчера ја презедоа контролата уште над 10 населени места во југозападниот дел на градот Алепо во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб.

Во рацете на режимските сили преминаа селата Зирбе, Беркум, Кемари, Кефер Халеп, Мејзеназ, Канатир, Бевабије, Кусејбе, Џиб Кас и Тулхије во околината на магистралниот пат М-5 којшто ги поврзува градот Алепо и главниот град Дамаск.

За да завладеат режимските сили целосно со магистралниот пат М-5 кои продолжуваат да напредуваат кон западните рурални подрачја во југозападниот дел на градот Алепо, останаа уште помалку од 10 километри.

Од друга страна, продолжуваат и судирите помеѓу режимските сили и воените опозиционери и антирежимските вооружени групи.

Според добиени информации од опозициски извори, во судирите се уништени 1 тенк, 1 оклопен транспортер на персонал и 1 противавионски топ со калибар од 23 мм, а воедно се неутрализирани и голем број припадници на режимот.



Слични вести