Во воздушните напади на Асадовиот режим и Русија во подрачјето на Идлиб загинаа 17 цивили

Воени авиони на Русија и Асадовиот режим реализираа бројни воздушни напади врз голем број населени места во близина на градот Алепо, во границите на Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб, во кои загинаа вкупно 17 цивили, а над 30 се ранети

1356067
Во воздушните напади на Асадовиот режим и Русија во подрачјето на Идлиб загинаа 17 цивили

Во реализираните напади од страна на воените авиони на режимот на Бешар Асад и Русија врз населените места во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во севрозападниот дел на Сирија, загинаа 17 цивили, а најмалку 30 се ранети.

Според Авионската опсерваторија на опозиционерите, воени авиони на Русија и Асадовиот режим вчера до доцните вечерни часови реализираа бројни воздушни напади врз голем број населени места во близина на градот Алепо, во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб.

Според добиени информации од екипите за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во овие воздушни напади загинаа вкупно 17 цивили од кои 9 во Кефер Нуран, 3 во Шејх Али, 2 лица во Орум Ес Сугра и 3 лица во Етариб.

Во воздушните напади се ранети и над 30 цивили.



Слични вести