Честитка од Турција до претседателот Алиев и неговата Партија Нов Азербејџан за победата на изборите

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува следното: „Посакуваме да бидат ајирлија за братски Азребејџан, изборите за Националното Собрание (Милли Меџлис).“

1356178
Честитка од Турција до претседателот Алиев и неговата Партија Нов Азербејџан за победата на изборите

Турција му честита на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за постигнатиот успех на неговата Партија Нов Азербејџан, на одржаните парламентарни избори вчера во Азербејџан.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакннува следното: „Посакуваме да бидат ајирлија за братски Азребејџан, изборите за Националното Собрание (Милли Меџлис).“

Во соопштението се упатува честитка за постигнатиот успех на изборите, до претседателот Илхам Алиев и Партијата Нов Азербејџан на чие чело се наоѓа, а все изнесува следната констатација: „Чувствуваме задоволство од тоа што изборите се одржани во средина на спокојство во целата земја. Сметаме дека заслужува секакво ценење напорите коишто ги покажаа азербејџанските органи уште од почетокот за реализирање на изборите во рамките на демократските принципи и стандардите на транспарентност, како и зрелоста којашто ја презентира азербејџанскиот народ во изборниот процес.“

На вчерашните одржани парламентарни избори во Азербејџан каде во избирачкиот список се регистрирани приближно 5 милиони 387 илјади гласачи, за вкупно 125 пратенички места во Националното Собрание (Милли Меџлис) се натпреваруваа 1.314 кандидати за пратеници од кои 299 жени. 

Изборите воедно ги следеа и приближно 77.700 домашни и 880 странски посматрачи.

Инаку, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на 5 декември го распушти Собранието и донесе одлука за одржување на предвремени парламентарни избори.

Според добиените прелиминарни неофицијални резултати, на вчерашните одржани парламентарни избори најголем број пратеници освои владејачката Партија Нов Азербејџан (ЈАП) чиј лидер е актуелниот претседател Илхам Алиев.

Претседателот на Централната изборна комисија на Азербејџан Мезахир Пенахов на одржаната прес конференција соопшти дека се познати кандидатите со освоени најголем број гласови во 118 од вкупно 125 изборни единици, додека во останатите 7 изборни единици се уште не се познати победниците.

Според соопштените прелиминарни неофицијални резултати од страна на Пенахов во врска со наведените 118 изборни единици, владејачката Партија Нов Азербејџан на претседателот Илхам Алиев освои 65 пратенички места во Националното Собрание (Милли Меџлис) составено од вкупно 125 пратенички места.



Слични вести