Бројот на смртните случаи од коронавирусот во Кина се зголеми на 909 лица

Комисијата за национално здравство на Кина сопшти дека бројот на починатите поради епидемијата во земјата чие ново име е соопштено како „нова коронавирусна пневмонија“ („NCP“) се зголеми на 909 лица, а 40.171 лице се заразени

1356110
Бројот на смртните случаи од коронавирусот во Кина се зголеми на 909 лица

Бројот на починатите поради епидемијата на новиот тип коронавирус (2019-nCoV) во Кина се зголеми на 909 лица, а бројот на заразените од вирусот достигна до 40.171 лице.

Во објавеното соопштение од страна на Комисијата за национално здравство на Кина се истакнува дека бројот на починатите поради епидемијата во земјата чие ново име е соопштено како „нова коронавирусна пневмонија“ („NCP“) се зголеми на 909 лица од кои едно лице почина во Хонгконг, а бројот на лицата заразени од смртоносниот вирус се искачи на 40.171 лице од кои здравствената состојба на 6.500 лице е сериозна.

Со уште 97 починати лица, се доживеани најголем број смртни случаи за 24 часа досега поради епидемијата на „NCP“ и се утврдени 3.062 нови случаи на зараза.

Надвор од континентална Кина, бројот на случаи на зараза од вирусот во Специјалната административна единица Хонгконг се зголеми на 36 лица, а во Соецијалната административна област Макао на 10 лица.

Од „Новата коронавирусна пневмонија“ („NCP“) за кусо време од само 1 месец животот го загубија повеќе лица и од епидемијата на САРС од којашто за една година починаа толку лица. 

Според податоците на Светската здравстена организација (СЗО), во епидемијата на САРС којашто се појави во светот во 2002 и 2003 година, животот го загубија 774 лица од кои поголемиот број во Кина.

Новиот тип коронавирус за прв пат беше утврден на 12 декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеј, а потоа за кусо време се прошири и во другите градови и низ цела Кина.

Веднаш потоа Светската здравстена организација (СЗО) прогласи итна состојба поради оваа брзото ширење на оваа опасна епидемија којашто му се заканува на целиот свет.



Слични вести