Благодарност од Либија до Турција за принципиелниот став и доставената поддршка

Мухамед ел-Амари Зајид, членот на Претседателскиот совет на Владата за национално единство на Либија вчера во владината зграда во главниот град Триполи се состана со амбасадорот на Турција во Триполи Серхат Аксен

1356239
Благодарност од Либија до Турција за принципиелниот став и доставената поддршка

Мухамед ел-Амари Зајид, членот на Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија со легитимна меѓународна признатост, и се заблагодари на Турција за „принципилниот став и нејзината поддршка“.

Во објавеното писмено соопштение од Владата на национално единство се истакнува дека Мухамед ел-Амари Зајид, членот на Претседателскиот совет на Владата за национално единство на Либија вчера во владината зграда во главниот град Триполи се состана со амбасадорот на Турција во Триполи Серхат Аксен.

Во соопштението се вели дека Зајид и турскиот амбасадор Серхат Аксен разговараа за низа прашања како што се билатералните односи, политичката и воената состојба во Либија, разговорите 5+5 во Женева за траен прекин на огнот и економските и политичките преговори посветени на Либија.

На средбата, Мухамед ел-Амари Зајид рече дека Владата на национално единство на Либија денеска е многу посилна и е во можност да ги одврати сите напади и да ги врати назад сите територии на Либија.

Подвлекувајќи дека во средина во која го има лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар се песимисти во однос на напорите за политичко решение, Зајид рече: „Хафтар и земјите кои го поддржуваат, не веруваат во политичко решение и само имаат за цел со учество на меѓународни состаноци да добијат во време.“

Зајид напомена дека му се заблагодарил на амбасадорот на Турција во Триполи Серхат Аксен поради поддршката на Турција на Либија и за принципиелниот став на Анкара во прашањето со Либија за „одбрана на цивилите, главниот град и државните институции“.

Амбасадорот на Турција во Триполи Серхат Аксен пак, на остварената средба нагласи дека се делува во соработка и координација со Владата на национално единство на Либија, за воспоставување на траен прекин на огнот во согласност со праведните барања на Владата на национално единство и за воспоставување на спокојството и стабилноста во Либија. 

 



Слични вести