Во вооружен напад извршен од страна на еден војник во Тајланд загинаа 26 лица, а 57 се ранети

Тајландскиот премиер Прајут истакна дека во вооружениот напад извршен од страна на еден подофицер на задача во воената база во градот Накхон Ратчасима загинаа 26 лица, а 57 лица се ранети

1355777
Во вооружен напад извршен од страна на еден војник во Тајланд загинаа 26 лица, а 57 се ранети

Во извршениот вооружен напад вчера во Тајланд кога еден војник откако го убил својот командант во касарната, а потоа отворил оган и врз цивилите во еден купопродажен центар во близина на касарната, загинаа 26 лица, а 57 лица беа ранети.

Според веста објавена во весникот „Bangkok Post“, премиерот на Тајланд Прајут Чан-о-ча ги посети ранетите во болницата и притоа ги информираше новинарите во врска со деталите на случајот.

Тајландскиот премиер Прајут истакна дека во вооружениот напад извршен од страна на еден подофицер на задача во воената база во градот Накхон Ратчасима загинаа 26 лица, а 57 лица се ранети.

32-годишниот војник по име Жакрапант Тома вчера околу 15:00 часот по локално време отишол во резиденцијата кадешто ги убил командантот на касарната и една жена, а потоа со себе понел оружје и муниција, ја напуштил единицата и влегол во купопродажниот центар во близина и таму почнал да пука врз цивилите.

Напаѓачот го пренел во живо нападот преку социјалната медија, а воедно ги зел во заложништво и цивилите во купопродажниот центар.

Војникот во текот на 18 часа водел вооружен судир со полициските сили кои ја опколиле зградата и околу 09:00 часот наутро по локално време бил убиен од страна на снајперисти.



Слични вести