Бројот на жртвите од коронавирусот во Кина се зголеми на 812 лица, а 37.198 лица се заразени

Според Комисијата за национално здравство на Кина, бројот на починатите поради епидемијата на коронавирусот којашто продолжува брзо да се проширува во Кина и чие влијание се повеќе расте во земјата се искачи на 812 лица

1355728
Бројот на жртвите од коронавирусот во Кина се зголеми на 812 лица, а 37.198 лица се заразени

Бројот на починатите поради епидемијата на новиот тип коронавирус (2019-nCoV) во Кина се зголеми на 812 лица, а бројот на заразените од вирусот достигна до 37.198 лица.

Според Комисијата за национално здравство на Кина, бројот на починатите поради епидемијата на коронавирусот којашто продолжува брзо да се проширува во Кина и чие влијание се повеќе расте во земјата се искачи на 812 лица, а бројот на лицата заразени од смртоносниот вирус се искачи на 37.198 лица од кои здравствената состојба на 6.188 лице е сериозна.

Од друга страна, бројот на лицата за кои постои сомневање дека се заразени од коронавирусот достигна до 28.942, а бројот на лицата кои поради тоашто контактирале со лица заразени од вирусот се наоѓаат под лекарски надзор изнесува 188.183 лица.

 



Слични вести