Режимските сили на Бешар Асад зазедоа уште 18 населени места во подрачјето на Идлиб

Режимските сили од вчера синоќа, во некои места со воздушна поддршка и на Русија зазедоа уште 18 населени места, села и месности во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија

1355705
Режимските сили на Бешар Асад зазедоа уште 18 населени места во подрачјето на Идлиб

Режимските сили на Бешар Асад со поддрша и на Русија напредувајќи внатре во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, зазедоа уште 18 население места.

Режимските сили составени од војската на Асадовиот режим и странските терористички борци поддржани од Иран, негирајќи ги постигнатите договори од Астана и спогодбата од Сочи продолжуваат да напредуваат во руралните подрачја на Идлиб и Алепо.

Режимските сили од вчера синоќа, во некои места со воздушна поддршка и на Русија зазедоа уште 18 населени места, села и месности во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

На тој начин во рацете на режимските сили преминаа населените места Хувејир ел-Ис, Ресм ел-Ис, Ресм ел-Сахарич, Џуп Кас, Ум Атебе, Мерјуда, Тел Баџер, Коснија, Шејх Ахмет, Тел Каратин, Микхане, Абад, И'џаз, Махарим, Ел-Хавари, Ел ел-Небариз и Зах Дедерије кои се наоѓаат во околината на магистралниот пат М5 којшто поминува низ границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб и ги поврзува градот Алепо и главниот град Дамаск. 

Режимските сили со воздушна поддршка и на Русија, во ноември 2019 година започнаа копнени напади врз населените места во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб и притоа ги зазедоа населените места Маратинуман и Серакиб коишто се наоѓаат на магистралниот пат М5 јужно од Идлиб и уште десетици населени места во подрачјето.

Режимските сили кои продолжуваат да напреудваат се доближија и до шестиот набљудувачки контролен пункт на Турција којшто е формиран во селото Тел Ејс во месноста Хадер во руралното подрачје на градот Алепо.



Слични вести