Расте бројот на смртните случаи од коронавирусот во Кина: Досега починаа 723 лица

Комисијата за национално здравство на Кина соопшти дека бројот на починатите од коронавирусот досега се зголеми на вкупно 723 лица, а бројот на утврдените случаи на зараза од смртоносниот вирус се искачи на 34.546 лица

1355466
Расте бројот на смртните случаи од коронавирусот во Кина: Досега починаа 723 лица

Бројот на починатите во епидемијата на новиот тип коронавирус (2019-nCoV) во Кина се зголеми на 723 лица, а бројот на заразените од вирусот достигна до 34.546 лица.

Според Комисијата за национално здравство на Кина, бројот на починатите поради епидемијата на коронавирусот којашто продолжува брзо да се проширува во Кина досега се зголеми на вкупно 723 лица, а бројот на лицата заразени од смртоносниот вирус се искачи на 34.546 лица од кои здравствената состојба на 6.101 лице е сериозна.

Од друга страна, бројот на лицата за кои постои сомневање дека се заразени од коронавирусот достигна до 27.657, а бројот на лицата кои поради тоашто контактирале со лица заразени од вирусот се наоѓаат под лекарски надзор се изнесува 189.660 лица.

Надвор од континентална Кина, во Специјалната административна област Хонгконг се утврдени 26 случаи на зараза од новиот тип коронавирус, а во Специјалната административна област Макао 10 случаи.

Во меѓувреме, во објавеното соопштение од локалната самоуправа на Пекинг се истакнува дека на места како што се хотели, ресторани, супермаркети, места за забава и разонада, во градскиот превоз и на други слични места отворени за јавноста задолжително треба да се носи маска.

Во соопштението се вели дека на лицата кои ќе одбијат да носатт маска ќе им бидат доставени неопходните предупредувања и дека доколку и покрај тоа одбијат да стават маска ќе бидат притворени.

Инаку, новиот тип коронавирус најпрвин се појави на 12 декември 2019 година во градот Вухан во провинцијата Хубеј во Кина, а потоа со голема брзина почна да се проширува низ цела Кина и во светот.



Слични вести