Асадовиот режим и Русија во последните 4 дена раселија уште 90 илјади цивили

Во последните 4 дена поради нападите на Асадовиот режим и неговите поддржувачи врз населените места во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија кон местата во близина на границата со Турција се иселија 90 илјади цивили

1355456
Асадовиот режим и Русија во последните 4 дена раселија уште 90 илјади цивили
idlib goc.jpg
idlib goc.jpg

Поради нападите на режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи врз населените места во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, во последните 4 дена кон местата во близина на границата со Турција се иселија уште 90 илјади цивили.

Поголемиот дел од раселените лица доаѓаат во областите со кампови на границата со Турција, а еден дел пак се засолнуваат во подрачјата на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче кои Турција ги исчисти од тероризмот.

Бројот на раселените лица од населените места во јужните и југоисточните делови на градот Идлиб и од западните и јужните рурални подрачја на градот Алепо, од јануари 2019 година за една година во близина на границата со Турција достигна до 1 милион 767 илјади лица.

Во нападите на сирискиот режим и неговите поддржувачи од 17 септември 2018 година кога беше потпишан договорот во Сочи пак, животот го загубија повеќе од 1.800 цивили.



Слични вести