Во воздушните напади во Идлиб загинаа 15 лица

Русија и режимот на Асад извршија воздушни и копнени напади врз различни подрачја на градовите Идлиб и Алепо

1355025
Во воздушните напади во Идлиб загинаа 15 лица

Во воздушните напади на руските и силите на режимот на Башар ал Асад врз зоната за дескалација врз Идлиб во Сирија загинаа 15 цивили, објави во четвртокот Сириската организација за цивилна заштита.

Режимот на Асад изврши воздушни и копнени напади врз различни подрачја на градовите Идлиб и Алепо.

Според извори од Цивилната заштита (Бели шлемови), во нападите на режимот на АСад во Идлиб и околните населени места загинаа 3, во Алепо 4, вкупно 7 цивили.

Според дисидентскиот центар за набљудување на странските авиони, во нападите на руските борбени на Идлиб загинаа 8 лица.

Од друга страна пак, Турските вооружени сили продолжуваа да испраќаат воена поддршка на единиците во Зоната за деескалација во Идлиб.

Воениот конвој составен од голем број тенкови беше стациониран во различни пунктови на Идлиб.



Слични вести