Во операција на САД во Јемен е убиен Касим ал Рими, лидерот на Ал Каеда на Арапскиот полуостров

Белата куќа соопшти дека по наредба на претседателот Доналд Трамп, САД во Јемен реализираа „операција за борба против тероризмот“ во која е убиен Касим ал Рими, основачот и лидер на организацијата Ал Каеда на Арапскиот полуостров

1354847
Во операција на САД во Јемен е убиен Касим ал Рими, лидерот на Ал Каеда на Арапскиот полуостров

Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека во реализирана операција во борбата против тероризмот во Јемен е убиен лидерот на организацијата Ал Каеда на Арапскиот полуостров Касим ал Рими.

Во објавеното писмено соопштение од Белата куќа се истакнува следното: „По наредба на претседателот Доналд Трамп, САД во Јемен реализираа 'операција за борба против тероризмот' во која е убиен Касим ал Рими, основачот и лидер на организацијата Ал Каеда на Арапскиот полуостров.“

Во соопштението се укажува на тоа дека Рими и се приклучил на Ал Каеда во 1990-сетите години и работел заедно со лидерот на Ал Каеда Усаме бин Ладен, во Авганистан, а воедно се изнесува и следната констатација: „Организацијата Ал Каеда под лидерство на Рими на Арапскиот полуостров, реализираше безмилосни напади против цивилите во Јемен. Освен тоа оваа организација реализираше бројни напади против САД и нашите сили.“ 

Во истото соопштение се наведува дека убиството на Рими во оваа реализирана операција ќе го ослаби присуството на Ал Каеда на Арапскиот полуостров и општо во светот, а воедно се нагласува дека со тоа е дојдено до уште еден чекор поблиску и до елиминирање на заканите на овие видови организации против националната безбедност на САД.

„Со убиството на Рими се побезбедни нашите интереси и нашите сојузници. Ќе продолжиме да го заштитуваме американскиот народ, со трагање по терористите кои се обидуваат да ни наштетат и со нивно елиминирање.“ - се вели во соопштението од Белата куќа.



Слични вести