Уште еден Турчин назначен на висока должност во полицијата во Њу Џерси, во САД

За заменик шериф во Одделот за шериф на округот Пасаик во Њу Џерси, е назначен муслиманот од черкеско потекло Нарт Хапатша, кој стапи на должност со полагање заклетва ставајќи ја својата рака на Куранот

1355220
Уште еден Турчин назначен на висока должност во полицијата во Њу Џерси, во САД

По назначувањето за началник на полицијата на еден муслиман од турско потекло во сојузната држава Љу Џерси кадешто живеат голем број Турци, во Соединетите Американски Држави (САД), на висока должност во полицијата е назначен и вториот муслиман од турско черкеско потекло.

За заменик шериф во Одделот за шериф на округот Пасаик во Њу Џерси, е назначен муслиманот од черкеско потекло Нарт Хапатша.

Нарт Хапатша кој 33 години работи како полициски службеник во округот Пасаик, на церемонијата на полагање заклетва на којашто учествуваа претставници на турската и муслиманската заедница, а пред се неговото семејство и членовите на черкеската заедница, стапи на должност ставајќи ја својата рака на Куранот.

Во вторникот, за прв пат во историјата еден Турчин и муслиман Ибрахим Мајк Бајчора беше назначен за началник на полицијата во градот Патерсон во американската сојузна држава Љу Џерси кадешто живеат голем број Турци.

Бајчора, како припадник на Турците Карачај, на церемонијата на полагање заклетва што се одржа во 228 годишната историска зграда на општината, стапи на должност ставајќи ја својата рака на Куранот којшто му останал од неговата баба.



Слични вести