Повик од ОН за меѓународна соработка за намалување на затегнатоста во сириски Идлиб

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Геир Педерсен, го информира Советот за безбедност на ОН со  учествуво преку телеконференција за состојбата во Идлиб и упати повик за меѓународна соработка за намалување на затегнатоста во ова подрачје

1355041
Повик од ОН за меѓународна соработка за намалување на затегнатоста во сириски Идлиб

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) се состана за разгледување на растечката тензија и растечките судири во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир Педерсен, го информира Советот со  учествување на состанокот преку телеконференција и притоа упати повик за меѓународна соработка за намалување на затегнатоста во подрачјето на Идлиб.

Педерсен истакна дека засилените воздушни напади и судирите стануваат причина за раселување на голем број лица и дека животот го загубија голем број цивили.

Педерсен воедно предупреди дека доаѓањето една наспроти друга на Сирија и Турција, како две земји членки на Обединетите нации (ОН), би можело да доведе до катастрофа во регионот и пошироко.

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир Педерсен рече: „Не можам да се однесувам како да постои волшебно решение за Идлиб, меѓутоа верувам дека би можело да се изнајде решение со меѓународна соработка и со една сериозна иницијатива.“

Во меѓувреме, заменик генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) задолжен за хуманитарни прашања Марк Лоукук истакна дека од месец декември 2019 година досега во Сирија загинаа 373 цивили и тројца вработени за хуманитарна помош.

Лоукук додаде дека 144 илјади цивили пак кои избегаа од Идлиб заминаа во Африн, Азез и Ал Баб, метса кои се наоѓаат под контрола на Турција.



Слични вести