Поради нападите на Асадовиот режим од Серакиб кај Идлиб се раселени 170 илјади цивили

Режимските сили составени од елементите на Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка и на Русија, синоќа во доцните часови го зазедоа центарот на населеното место Серакиб во подрачјето на градот Идлиб

1355339
Поради нападите на Асадовиот режим од Серакиб кај Идлиб се раселени 170 илјади цивили
serakib ilcesi.jpg
serakib.jpg
serakib ilcesi.jpg

Новинската Агенција Анадолија „АА“ кусо  време пред да биде заземен од страна на режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи, го сними од воздух центарот на населеното место Серакиб кадешто живеат 170 илјади цивили и кое се наоѓа јужно од градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Режимските сили составени од елементите на Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка и на Русија, синоќа во доцните часови го зазедоа центарот на населеното место Серакиб.

На снимките снимени од воздух со дрон од страна на новинската Агенција Анадолија „АА“ кусо време пред центарот на населеното место Серакиб да премине во рацете на сирискиот режим, се гледаа тешките штети предизвикани врз некои згради во жестоките напади на режимските сили на на Русија.

На снимките се гледа како центарот на населеното место е претворен во град на духови.

170 илјади цивили кои живеаја во населеното место Серакиб поради жестоките напади на режимот и неговите поддржувачи избегаа во областите во близина на границата со Турција и останаа без своите домови.



Слични вести