Нови случаи на зараза со коронавирус на патничкиот брод под карантин, во Јапонија
Јапонската новинска агенција "Кјодо" соопшти дека бројот на лицата кај кои е утврдена зараза од коронавирусот на патничкиот брод со 3.700 лица кој беше ставен под карантин во пристаништето на Јокохама со новите утврдени 41 случај се зголеми на 61 лице
Утврдени се уште 41 случај со зараза на патничкиот брод којшто беше ставен под карантин во Јапонија поради епидемијата на новиот тип коронаворус (2019-nCoV) кој се појави во градот Вухан во Кина и оттука со голема брзина продолжува да се шири низ светот.
Според веста објавена од страна на јапонската новинска агенција "Кјодо", бројот на лицата кај кои е утврдена зараза од коронаворус на патничкиот брод на кој се наоѓаат 3.700 лица и кој во вторникот беше ставен под карантин во пристаништето на Јокохама, се зголеми на 61 лице.
Во објавеното соопштение од јапонското министерство за здравство се истакнува дека 21 Јапонец, 8 Американци, по 5 мина Австралијци и Канаѓани и по еден Аргентинец и Англичанец на возраст од 20 до 80 години кај кои е утврдена зараза со вирусот, ќе бидат пренесени на лекување во болниците во Токио, Саитама, Чиба и Канагава.