Бројот на починатите поради новиот тип коронавирус во Кина се зголеми на 564 лица

Според објавеното соопштение од Комисијата за национално здравство на Кина, бројот на починатите поради епидемијата на коронавирусот којашто продолжува брзо да се проширува во Кина досега се зголеми на вкупно 564 лица

Бројот на починатите поради новиот тип коронавирус во Кина се зголеми на 564 лица

Бројот на смртните случаи поради епидемијата на новиот тип коронавирусот во Кина (2019-nCoV) се зголеми на 564 лица, а бројот на лицата кај кои е утврдена зараза со вирусот изнесува 28.018 лица.

Според објавеното соопштение од Комисијата за национално здравство на Кина, бројот на починатите поради епидемијата на коронавирусот којашто продолжува брзо да се проширува во Кина досега се зголеми на вкупно 564, од кои едно лице почина во Хонгконг, а 563 лица во континентална Кина.

Бројот на лицата заразени од смртоносниот вирус изнесува 28.018 лица од кои здравствената состојба на 3.859 е сериозна, додека бројот на лицата кои се наоѓаат под лекарски надзор се зголеми на 186.354.

Инаку, новиот тип коронавирус најпрвин беше евидентиран на 12 декември во 2019 година во провинцијата Хубеј во Кина, а потоа со голема брзина почна да се шири низ цела Кина и низ светот.



Слични вести