Силите на Асадовиот режим зазедоа уште 7 населени места во подрачјето на градот Идлиб

Режимските сили со поддршка и на, Русија од воздух зазедоа уште 7 населени места во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија

1353963
Силите на Асадовиот режим зазедоа уште 7 населени места во подрачјето на градот Идлиб

Режимските сили составени од силите на режимот на Бешар Асад и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка и на Русија зазедоа уште 7 населени места во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Помеѓу режимските сили и воените опозиционери и антирежимските вооружени групи продолжуваат да се водат жестоки судири во населеното место Серакиб во подрачјето на градот Идлиб и јужното рурално подрачје на Алепо, во границите на Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб.

Режимските сили синоќа во доцните часови ги зазедоа селата Шејх Идрис, Рејан, Биџгас, Кефер Амим и Тел Руман во источното рурално подрачје на населеното место Серакиб.

На тој начин, режимските сили кои напредуваат од југ пристигнаа до 8 километри од центарот на градот Идлиб.

Режимските сили со недели како за заземање на местата Кумејнас и Сермин во југоисточниот дел на градот Идлиб, реализираат напади од воздух и од копно.

Од друга страна, во судирите во јужното рурално подрачје на Алеп режимските сили ги зазедоа и селата Хумејра и Џизраја.

Инаку, режимските сили кои во ноември 2019 година започнаа копнен напад врз населените места во подрачјето на градот Идлиб под контрола на воените опозиционери и на антирежимските вооружени групи, продолжуваат да напредуваат благодарение на воздушната поддршка на Русија и да заземаат голем број населени места. 



Слични вести