Терористите на ЈПГ/ПКК извршија напад во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија

Терористите на ЈПГ/ПКК реализираа напад врз позициите на Сириската национална армија (СНА) во руралното подрачје на Тел Абјад на што Турските вооружени сили (ТВС или TSK) одговорија со топовско гранатирање на позициите на терористите

1353188
Терористите на ЈПГ/ПКК извршија напад во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК реализира напад врз позициите на Сириската национална армија (СНА) во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија.

Веднаш по нападот, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) одговорија со топовско гранатирање.

Терористите на ЈПГ/ПКК реализираа напад врз позициите на Сириската национална армија (СНА) во руралното подрачје на Ајн Иса кај градот Рака, јужно од градчето Тел Абјад.

Во нападот загинаа 4 војници на Сириската национална армија (СНА).

По нападот, на линијата Хирбет Керем во руралното подрачје на Тел Абјад дојде до жестоки судири помеѓу војниците на Сириската национална армија (СНА) и терористите.

Воедно и топовските батерии на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ги гранатираа позициите на терористите во Ајн Иса на југот на Тел Абјад и во Тел Темир во југоисточниот дел на Расулајн.

И покрај постигнатиот договор на 17 октомври помеѓу Турција и САД за повлекување на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК од подрачјето на операцијата Извор на мирот, терористите продолжуваат со нападите врз Тел Абјад и Расулајн и нивната околина.



Слични вести