Стампедо во основно училиште во Кенија: Животот го загубија најмалку 14 ученици

Во едно основно училиште во Кенија по часовите на излегување учениците се растрчале по степениците по што се случила голема турканица, гужва и дошло до стампедо при што животот го загубиле 14 ученици, а 40 ученици биле повредени

1352978
Стампедо во основно училиште во Кенија: Животот го загубија најмалку 14 ученици

Во стампедо до коешто дошло откако по часовите, на излегување, учениците се растрчале по степениците во едно основно училиште во Кенија, според првични информации, животот го загубиле 14 ученици, а 40 ученици биле повредени.

Во едно основно училиште во областа Какамега во северозападниот дел на главниот град Најроби, по часовите на излегување учениците се растрчале по степениците по што се случила голема турканица и дошло до стампедо.

Министерот за образование на Кенија Џорџ Магоха истакна дека во случајот животот го загубиле 14 ученици, а 40 ученици биле повредени.

Магоха рече дека здравствената состојба на некои од повредените ученици била тешка.

Засега не е објавено соопштение околу тоа зошто дошло до големата турканица и се случило стампедо, додека некои локални извори соопштија дека причина било рушењето на степениците во училиштето.



Слични вести