Жозеп Борел: Без компромис помеѓу Израелците и Палестинците нема да биде успешен ниту еден договор

Жозеп Борел, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, во рамките на оставерната посета на главниот град Аман се состана со јорданскиот министер за надворешни работи Ејмен ес Сафеди

1351973
Жозеп Борел: Без компромис помеѓу Израелците и Палестинците нема да биде успешен ниту еден договор

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел истакна дека нема да биде успешен ниту еден договор за којшто нема да се постигне компромис помеѓу Израелците и Палестинците.

Според веста објавена на интернет страницата на јорданската државна телевизија; Жозеп Борел, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, во рамките на оставерната посета на главниот град Аман се состана со јорданскиот министер за надворешни работи Ејмен ес Сафеди.

Борел, по средбата со Сафеди беше примен и кај јорданскиот крал Абдулах.

Според објавеното писмено соопштение од кралскиот дворец, на приемот беа разгледани партнерството и соработката, како и патиштата за развивање на оваа соработка меѓу Јордан и ЕУ, а беше направена проценка и на актуелни регионални случувања. 

Јорданскиот крал Абдулах говореше со пофалби за поддршката којашто Европската унија (ЕУ) ја дава на Јордан во различни сфери и нагласувајќи го притоа непроменливиот став на неговата земја по прашањето на Палестина, истакна дека треба да се стави крај на палестинско-израелскиот конфликт на основа на решението со две држави.

Привлекувајќи внимание на значењето на улогата којашто ја одигрува Европската унија (ЕУ) по ова прашање, кралот Абдулах, ја подвлече потребата од интензивирање на напорите по прашањето на изнаоѓање на политичко решение за кризите во регионот.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, исто така укажа на значењето на улогата којашто ја одигрува Јордан за регионалната стабилност.



Слични вести