Воени авиони на Асадовиот режим реализираа воздушен напад врз возило со цивили во кој загинаа 7 лица

Според Авионската опсерваторија на опозиционерите, цивилно возило кое бегало од нападите на сирискиот режим во месноста Рехал во западното рурално подрачје на градот Алепо било бомбардирано од страна на воени авиони на Асадовиот режим

1352069
Воени авиони на Асадовиот режим реализираа воздушен напад врз возило со цивили во кој загинаа 7 лица

Воени авиони на Асадовиот режим кои во последно време ги интензивираа нападите врз населените места во границите на Зоната за (деескалација) намалување на затегнатоста во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, реализираа воздушен напад врз возило во кое се наоѓале цивили, членови на семејство кое бегало од нападите, при што во нападот загинаа 7 цивили од кои 3 деца и 3 жени.

Семејството кое бегајќи од воздушните и копнените напади на Асадовиот режим се иселувало во побезбедни области по патот било подложено на воздушен напад.

Според Авионската опсерваторија на опозиционерите, цивилно возило кое бегало од нападите на сирискиот режим во месноста Рехал во западното рурално подрачје на градот Алепо било бомбардирано од страна на воени авиони на Асадовиот режим.

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки) во воздушниот напад загинале вкупно 7 цивили од кои 3 деца и 3 жени, кои се наоѓале во возилото.

 



Слични вести