Организацијата за исламска соработка (ОИС) целосно го отфрли наводниот мировен план на Трамп

Во соопштението на палестинското министерство за надворешни работи им се одделува место на следните зборови на министерот за надворешни работи Ријад ел Малики: „Организацијата за исламска соработка (ОИС) целосно го отфрли наводниот мировен план на Трамп“

1352307
Организацијата за исламска соработка (ОИС) целосно го отфрли наводниот мировен план на Трамп

Организацијата за исламска соработка (ОИС) целосно го отфрли наводниот мировен план на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп.

Во објавеното писмено соопштение од палестинското министерство за надворешни работи им беше одделно место на следните зборови на министерот за надворешни работи Ријад ел-Малики: „Организацијата за исламска соработка (ОИС) целосно го отфрли наводниот мировен план на Трамп.“

Инаку, во седиштето на Организацијата за исламска соработка (ОИС) цво градот Џеда во Саудиска Арабија, се одржа вонреден состанок на ниво на министри за надворешни работи на организацијата на кој беше разгледан наводниот мировен план објавен од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. 

Американскиот претседател Доналд Трамп на одржаниот состанок за претставниците на печатот, во вторникот во Белата куќа заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, го објави за јавноста едностраниот наводен Блискоисточен мировен план кој што самиот го нарекува и „Договор на векот“.

Трамп истакна дека во рамките на наводниот мировен план Ерусалим (Кудс) ќе биде признаен како „неподелен“ главен град на Израел и дека овој план ќе претставува „последна шанса“ за независната држава Палестина и Палестинците. 



Слични вести