Бројот на загинатите во антивладините протести во Ирак од октомври 2019 година досега се искачи на 556 лица

Според извештајот којшто беше раздаден од страна на Али Бејатли, членот на Независниот висок комесаријат за човекови права на Ирак, бројот на убиените лица за време на антивладините протести во Ирак се искачи на 556 лица

1351787
Бројот на загинатите во антивладините протести во Ирак од октомври 2019 година досега се искачи на 556 лица

Бројот на загинатите во протестите коишто продолжуваат во Ирак уште од месец октомври 2019 година се зголеми на 556 лица.

Според извештајот којшто беше раздаден од страна на Али Бејатли, членот на Независниот висок комесаријат за човекови права на Ирак, бројот на убиените лица за време на антивладините протести во Ирак се искачи на 556 лица.

Во извештаите на Меѓународната организација за човекови права „Амнести Интернешнл“ и претходните дадени изјави од страна на ирачкиот претседател Бархам Салих беше истакнато дека бројот на убиените лица во насилствата до коишто дојде за време на протестите, изнесува над 600 лица.

Инаку, антивладините протести во Ирак коишто започнаа на 1 октомври 2019 година поради корупцијата, недоволната инфраструктура, невработеноста и надворешните интервенции врз внатрешните работи на земјата, на 1 декември ја принудија владата на Адил Абдулмехди да поднесе оставка.



Слични вести