Во минатомесечните напади на силите на Асадовиот режим и Русија во Идлиб загинаа 188 цивили

Во минатомесечните напади на силите на Асадовиот режим и неговиот поддржувач Русија врз подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија загинаа 188 цивили од кои 64 се деца

1351435
Во минатомесечните напади на силите на Асадовиот режим и Русија во Идлиб загинаа 188 цивили

Во минатомесечните напади на силите на режимот на Бешар Асад и нивниот поддржувач Русија врз подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија загинаа 188 цивили. 

Во објавениот извештај од страна на Канцеларијата за координација на интервенциите во Сирија, која води активности во врска со миграциските податоци во Идлиб, се истакнува дека во бомбардирањата на силите на Асадовиот режим и неговиот поддржувач Русија врз Идлиб во месец јануари животот го загубија 188 цивили од кои 64 се деца.

Меѓу загинатите се наоѓаат и двајца вработени на Цивилната одбрана (Белите Беретки) и еден здравствен работник.

Цел на минатомесечните напади на режимот и Русија беа 28 училишта, 7 населби од шаторски, 11 здравствени објекти, 9 пазари, 19 места за верски обред (верски објекти), 5 центри на цивилната одбрана, 3 хидроцентрали, 2 термоцентрали и 4 фурни.



Слични вести