Руски воен авион изврши воздушен напад врз Идлиб: Загинаа најмалку 3 лица, а голем број се ранети

Руски воен авион изврши воздушен напад врз месноста Сермин во подрачјето на градот Идлиб во кој според првични добиени информации загинаа 3 лица, има и голем број ранети, а се стравува од зголемување на бројот на загинатите

1351667
Руски воен авион изврши воздушен напад врз Идлиб: Загинаа најмалку 3 лица, а голем број се ранети

Воени авиони на Русија и Асадовиот режим денеска од утринските часови реализираат воздушни напади врз населените места во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Во реализиран воздушен напад од страна на Русија загинаа тројца цивили.

Според Авионската опсерваторија на опозиционерите, руски воени авиони денеска од утринските часови реализираат воздушни напади врз населеното место Серакиб, селата Дадих, Мердих и Нејреб кај градот Идлиб и врз населеното место Дарет Изе кај градот Алепо.

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки) пак, во реализиран воздушен напад од страна на руски воен авион врз месноста Сермин кај градот Идлиб, според првични информации загинаа најмалку тројца цивили.

Ранетите од страна на екипите за Цивилна одбрана ранетите лица се префрлени на лекување во околните болници, додека активностите за пребарување и спасување, како и за кревање на рушевините на местото на извршениот напад продолжуваат.

Се стравува од зголемување на бројот на загинатите.

Од друга страна, Асадовиот режим реализира воздушни напади врз населеното место Џисир еш Шугур, месноста Кефенбил и врз селата Хас, Деир Сунбул, Бара, Магара, Тренбе и Џубас во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.



Слични вести