Арапската лига целосно го отфрли наводниот мировен план на американскиот претседател Трамп

Во објавената заедничка декларација на Арапската лига на крајот на состанокот на ниво на министри во египетскиот главен град Каиро се истакнува дека наводниот мировен план на Трамп не е погоден за воспоставување на праведен, траен и сеопфатен мир

1351545
Арапската лига целосно го отфрли наводниот мировен план на американскиот претседател Трамп

 Арапската лига сопшти дека целосно го отфрлува наводниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп од чија страна се нарекува „Договор на векот“ и дека никако нема да се земе во предвид истиот.

Во објавената заедничка декларација на крајот на состанокот на Арапската лига (АЛ) која на повик на Палестина одржа вонреден состанок на ниво на министри во главниот град на Египет, Каиро, се истакнува дека планот претставен од страна на Трамп не е погоден за воспоставување на праведен, траен и сеопфатен мир и дека спротивно на тоа тоа значи влез во еден нов процес на застој во мировните разговори кои траат веќе 30 години.

Во декларацијата се наведува дека планот на Трамп кој содржи членови спротивно на меѓународното право во врска со Ерусалим (Кудс), Голанските висорамнини, еврејските населби и проблемот со палестинските бегалци, не може да биде успешен.

Се подвлекува дека наводниот мировен план на САД ниту на минимално ниво не ги задоволува правата и очекувањата на палестинскиот народ и се нагласува дека Арапската мировна иницијатива усвоена во Либан 2002 година е единствената иницијатива којашто би можела да се прифати како решение за палестинско-израелскиот мир.

Се напоменува дека Израел не може да влезе во процес на нормализирање со арапските земји сè додека не ја прифати Арапската мировна иницијатива којашто предвидува формирање на независна држава Палестина со главен град Источен Ерусалим во границите од 1967 година и изнаоѓање решение за проблемот со палестинските бегалци согласно резолуцијата број 194 на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) од 1948 година. 

Во декларацијата се упатува предупредување до Израел да не се обиде да го применува наводниот мировен план во кој се игнорираат меѓународните резолуции, САД и Израел се сметаат за одговорни за последиците коишто ќе ги вроди ваквата политика,а воедно се упатува повик и до меѓународната заедница да се спротивстави на ваквите активности на окупаторската влада (на Израел).



Слични вести