Израелската армија реализира нови воздушни напади на југот на Појасот Газа

Цел на воздушниот напад којшто беше реализиран од страна на израелските воени авиони во 10 наврати, беа некои области во градот Рафах, на југот на Газа

1350892
Израелската армија реализира нови воздушни напади на југот на Појасот Газа

Израелската армија реализира нов воздушен напад врз областите во јужниот дел на Појасот Газа.

Цел на воздушниот напад којшто беше реализиран од страна на израелските воени авиони во 10 наврати, беа некои области во градот Рафах, на југот на Газа.

Засега не е објавено соопштение од палестинското министерство за здравство дали има човечки загуби или ранети и дали е причинета материјална штета во воздушниот напад којшто е реализиран по трет пат од вчера наутро досега.

Од друга страна, во објавеното соопштение од израелската армија се истакнува дека цел на нападиот беа места за коишто се тврди дека се користени од страна на Хамас за производство на оружје.

Освен тоа во соопштението се вели дека овој напад е реализиран како одговор на испратените огнени балони од Газа кон некои области во Израел.

Претходно од страна на израелската армија беше наведено дека вчера во вечерните часови од Газа кон еврејските населени места во близина на границата биле испратени 3 огнени балони.



Слични вести