Експлозија во фабрика за метал во Русија: Загинаа 5 лица меѓу кои и еден турски граѓанин

Во една фабрика за метал во градот Мтсенск во Орловската област во Русија се случи експлозија во која загинаа 5 лица меѓу кои и еден турски граѓанин, а има и ранети од кои тројца исто така се турски граѓани

1351028
Експлозија во фабрика за метал во Русија: Загинаа 5 лица меѓу кои и еден турски граѓанин

Во експлозија што се случи во фабрика за метал во градот Мтсенск во Русија, според првични добиени информации, загинаа 5 лица меѓу кои и еден турски граѓанин.

Според веста на руската новинска агенција „ТАСС“, се случила експлозија во една фабрика за метал чија изградба продолжувала во градот Мтсенск во Орловската област.

Како што се истакнува во експлозијата загинале 5 лица меѓу кои еден бил турски граѓанин, а имало и ранети меѓу кои тројца биле исто така турски граѓани.

По експлозијата којашто се случила поради гас под висок притисок се урнал и покривот на фабриката.



Слични вести