Човечката криза во Идлиб

Џан АЏУН, истражувач за надворешна политика при Финдацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)

1350339
Човечката криза во Идлиб

Досие 05-2020

Човечката криза во Идлиб

Режимот на Асад, со подршка на Русија и Иран одолг период продолжува со нападите врз Идлиб. Само во последните два месеци над 200 илјади лица беа принудени да ги напуштат своите домови, додека илјадници лица загинаа или беа повредени. Силите на режимот и сојузниците освен воените цели директно ги бомбардираат и цивилите и со дехуманизирање на областа, се обидуваат да ја преземат конролата над истата. Во Идлиб, кој важи за последен бастион на сириските дисиденти и повеќето од жителите на градот се раселени, живеат околу четири милиони луѓе. Турција со сета своја мож се обидува да ја спречи кризата во Идлиб.

И покрај потпишувањето на Меморандумот во Сочи во септември 2018 година, нападите на силите на режимот врз Идлиб продолжија со одредени интервали, додека со започнувањето на воздушното бомбардирање на Идлиб од страна на Русија, Идлиб повторно стана сцена на судири. По нападите на режимот кој ги започна во април 2019, беше постигнато напредување северно од Хама. Овој процес заврши со опсада на базата на Турските вооружени сили во Морек и губење на контролата над подрачјето Хaн Шејхун од страна на опозицијата. Во повремените напади кои беа извршени од поетокот на овој процес како и руските воздушни напади, сто ијадници цивили беа принудени да ги напуштат домовите. Според претпоставките во нападие по басенот Идлиб, бројот на цивилите кои ги напуштија домовите изнесува околу 16, милиони луѓе.

Освен тоа со нападите беше предизвикана материјална штета од околу 322 милиони долари. Како последица на нападите во последниот период, од страна на силите на режимот е обиколена базата за анбљудување на Турските вооружени сили во Сурман.

Како последица на нападите кои почнаа од декември 2019 година па наваму, оклу 400 илјади цивили се насочија кон границата со Турција. Во последното напредување и напади на силите на режимот југоисточно од Идлиб и западно од Алепо, режимот ја презеде контролата над авопатот М5 и градот Маарат ал Нуман. Краткорочните планови на Русија и режимот е преземање на контролата над автопатиштата М4 и М5 и на тој начин да се отвори патот Идлиб да може да се бомбардира од копно.

Една друга мотивација на нападите на Русија, Иран и режимот врз Идлиб е да се уништат цивилните населени места, локалното население да се принуди на исселување и да се постигне демографија врз чија основа полесно ќе може да се управува со Сирија. Затоа, цивилното население или се присилува да се иссели или се убива. Исто така може да се каже дека поради масовните опозициони народни маси и вооружени групи, Идлиб е мета на бомбрадирање. Турција со посредство на 12 пунктови за набљудување се обидува да ја спречи или во најмала рака да ја намали кризата меѓу режимот и опозицијата во Идлиб. И додека Турција од една страна со посредство на Русија се обидува да го искросити политичкото/дипломатско влијание на оваа земја за постигнување мировно решение на кризата, од друга страна пак со формирање на јавно мнение, се обидува да ја намали кризата во Идлиб. Но за жал, меѓународната заедница и натаму продолжува да го врти грбот на милионите цивили кои срадаат во Идлиб.

Тоа беше коментарот на Џан АЏУН, истражувач за надворешна политика при Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА).



Слични вести