Во вчерашните и синоќешните напади на Асадовиот режим и Русија во Идлиб загинаа најмалку 18 цивили

Во реализирани воздушни напади од страна на Асадовиот режим и Русија вчера и синоќа врз населените места во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија загинаа најмалку 18 цивили, а над 50 мина се ранети

1349926
Во вчерашните и синоќешните напади на Асадовиот режим и Русија во Идлиб загинаа најмалку 18 цивили

Во реализирани воздушни напади од страна на руските воени авиони во населеното место Ериха во јужниот дел на подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, беа бомбардирани една болница и една фурна, при што во овие напади загинаа најмалку 10 цивили, а повеќе од 37 мина се ранети.

Според  Авионската опсерваторијата на опозиционерите, руски воени авиони синоќа во доцните часови реализираа воздушни напади на голем број локации во населеното место Ериха во подрачјето на Идлиб.

Извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки) соопштија дека во овие жестоки бомбардирања загинаа најмалку 10 цивили, а повеќе од 37 мина се ранети.

Екипите за цивилна одбрана, ранетите ги префрлија во околните болници на лекување, а во меѓувреме продолжуваат и активностите за пребарување-спасување и кревање на рушевините во местата подложени на возудшните напади на руските воени авиони.

Од друга страна, и во вчерашните реализирани напади од страна на режимот на Бешар Асад и Русија врз населените места во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, загинаа најмалку 8 цивили, а над 20 мина се ранети.

Авионската опсерваторијата на опозиционерите соопшти дека руски воени авиони извршија воздушен напад врз селата Кеферлата, Хан ес Субул, Мердих и Мардисбе во подрачјето на Идлиб.

Воедно и воени авиони на Асадовиот режим ги бомбардираа населените места Серакиб и Џисир еш Шугур, месноста Кефренбил и селото Хан ес Субул.

Според добиени информации од извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), овие напади загинаа вкупно 8 цивили од кои 1 лице во нападот на режимските сили во Серакиб и 7 лица во нападот на Русија врз селото Кеферлата, а воедно повеќе од 20 цивили се ранети.

Ранетите од страна на екипите за Цивилна одбрана се префрлени на лекување во околните болници, меѓутоа постои загриженост од зголемување на бројот на загинатите.



Слични вести