Режимските сили со поддршка на Русија од воздух зазедоа уште 6 населени места на југот на Идлиб
Асадовиот режим со поддршка од воздух и на Русија зазедоа уште 6 населени места во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија

Режимските сили составени од војската на режимот на Бешар Асад и странските терористички групи поддржани од Иран, со поддршка од воздух и на Русија, зазедоа уште 6 населени места во јужниот дел на подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.
Помеѓу војската на режимот на Бешар Асад и опозиционерите и антирежимските вооружени групи продолжуваат да се водат жестоки судири во југоисточното рурално подрачје на Идлиб и западното и јужното рурално подрачје на Алепо, во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб.
Режимските сили составени од војската на Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран, по заземањето на Маратунуман, најголемото населено место на Идлиб продолжуваат да напредуваат кон едно друго големо населено место Серакиб.
По жестоки судири, режимските сили ги зазедоа селата Хан ес Субул, Лоф, Камхане, Тел Дибис и Џерада и месноста Мардибсе.
На тој начин Асадовите сили се добија на 10 километри до населеното место Серакиб од југ.