Нова скандалозна изјава од Макрон во врска со наводните ерменски тврдења за настаните од 1915 година

Макрон учествуваше на годишната вечера во организација на Координациониот совет на ерменските здруженија во Франција (CCAF) и во говорот што го одржа овде истакна дека се води правна работа за казнување на негирањето на ерменските тврдења

1350206
Нова скандалозна изјава од Макрон во врска со наводните ерменски тврдења за настаните од 1915 година

Францускиот претседател Емануел Макрон, фрли потпис на уште една скандалозна изјава во врска со наводните ерменски тврдења за настаните од 1915 година.

Макрон учествуваше на годишната вечера во организација на Координациониот совет на ерменските здруженија во Франција (CCAF) и во говорот што го одржа овде рече дека секогаш ќе ги поддржува Ерменците кои живеат во Франција и Ерменија.

Велејќи дека се води правна работа за казнување на негирањето на ерменските тврдења, Макрон рече: „Постои барање од Координациониот совет на ерменските здруженија во Франција (CCAF) во правец на казнување на негирањето на негирањето на ерменските тврдења и се води правна работа во врска со тоа.“

Инаку, Уставниот суд на Франција пред 2 години ја поништи одредбата на законот во врска со „оценувањето за кривично дело на негирањето на некои злосторства“ со тоа што овој закон ги опфаќаше и наводните ерменски тврдења за настаните од 1915 година.

Во законската измена немаше било каков израз директно во однос на наводните тврдења за настаните од 1915 година.

Меѓутоа, се наведуваше дека со ваквиот закон непризнавањето на настаните од 1915 година како „геноцид“ ќе биде внесено во рамките на извршено „кривично дело на омраза“ и ќе го отвори патот за казнување по ова прашање.

Според овој закон, на лице кое ќе го извршеше ова „кривично дело“ ќе можеше да му се изрече затворска казна од 1 година и парична казна во износ од 40 илјади евра.

Сличен закон беше донесен во Франција и во времето на претседателот Николас Саркози, меѓутоа и овој закон беше поништен од страна на Уставниот суд на оваа земја со образложение дека ја ограничува слободата на изразување.

 



Слични вести