Израелски воени авиони извршија воздушен напад врз две локации во Појасот Газа

Кусо време по објавеното соопштение од израелската армија во кое беше истакнато дека синоќа е истрелана реката од Газа врз Израел, синоќа израелски воени авиони извршија воздушен напад врз две локации во Појасот Газа

1349823
Израелски воени авиони извршија воздушен напад врз две локации во Појасот Газа

Израелски воени авиони извршија воздушен напад врз две локации на Западниот Брег од кои една воена цел на Бригадите Изедин ал Касам во градот Хан Јунус во јужниот дел и еден земјоделски посед во Деир ел-Белах во централните делови на Газа.

Поради нападот во Хан Јунус е причинета материјална штета врз околните објекти.

Од страна на палестинското министерство за здравство засега не е објавено одредено соопштение за тоа дали во овој напад има загинати или ранети.

Воздушниот напад беше извршен кусо време по соопштението на израелската армија во кое беше истакнато дека синоќа е истрелана реката од Газа врз Израел.

 



Слични вести