Европскиот парламент го одобри договорот за Брегзит

На одржаното гласање на седницата на Европскиот парламент во главниот град на Белгија, Брисел, договорот за Брегзит е изгласан со 621 глас „за“ наспроти 49 „против“ и 13 воздржани гласа

1349882
Европскиот парламент го одобри договорот за Брегзит

Европскиот парламент (ЕП) синоќа го одобри договорот за Брегзит (излезот на Велика Британија од Европската унија) со кој што се регулираат условите за излез на Велика Британија од Унијата.

На тој начин беше дадено конечно одобрение на британскиот договор за излегување од Европската Унија (ЕУ), со што беше  обезбедено Брегзитот да почне на 31 јануари во петок, односно утре.

На одржаното гласање на седницата на Европскиот парламент во главниот град на Белгија, Брисел, договорот за Брегзит со којшто ќе се стави крај на приближно полувековното членство на Велика Британија во Европската унија (ЕУ) е изгласан со 621 глас „за“ наспроти 49 „против“ и 13 воздржани гласа.

Процесот на одобрување на договорот за Брегзит ќе биде заокружен со гласањето што ќе се одржи во Советот на Европската унија, т.ј. Европскиот совет.

Веднаш по ова гласање на 31 јануари во петокот на полноќ Велика Британија официјално ќе ја напушти Европската унија (ЕУ), а со тоа ќе бидат испразнети и 73-те пратенички места на Велика Британија во Европскиот парламент (ЕП).



Слични вести