Бројот на починатите од новиот тип коронавирус во Кина се зголеми на 170 лица

Поради епидемија на новиот тип коронавирус којашто се прошири низ цела Кина и во светот досега починаа 170 лица, а само во последните 24 часа се утврдени 1.737 нови случаи на заразени од овој смртоносен вирус, додека починаа 38 лица

1350013
Бројот на починатите од новиот тип коронавирус во Кина се зголеми на 170 лица

Бројот на починатите поради епидемијата на новиот тип коронавирус (2019-nCoV) кој се прошири низ цела Кина се зголеми на 170 лица.

Според Комисијата за национално здравство на Кина, досега бројот на лицата кај кои е потврдена дијагноза на зараза со вирусот 2019-nCoV во сите градови, провинции, автономни области и специјални административни области во земјата се зголеми на 7.111 лица од кои здравствената состојба на 1.370 лица е тешка.

Бројот на лицата за кои постои сомневање дека се заразени од вирусот изнесува 12.167, додека бројот на лицата кои се наоѓаат под лекарски надзор поради тоа што контактирале со лица кај кои е потврдена дијагноза со зараза од коронавирус изнесува 81.947. 

Освен тоа, бројот на лицата разболени од коронавирусот надвор од континентална Кина, во Специјалната административна област Хонгконг се зголеми на 10, а во Специјалната административна област Макао на 7 лица.

Во последните 24 часа ширум земјата се утврдени 1.737 нови случаи на заразени од новиот тип коронавирус, а починаа 38 лица. Од болниците во Кина досега се отпуштени 124 лица кои се излечени по заразата.

162 од смртните случаи до коишто дојде досега во Кина беа во провинцијата Хубеј главниот центар на епидемијата на новиот тип коронавирус (2019-nCoV). Во провинциите Шичуан, Хајнан, Хибеј и Хејлонгџијан и во главниот град Пекинг и градот Шангај починаа по едно лице, а во провинцијата Хинан дојде до 2 човечки загуби.

Во Пекинг се утврдени случаи на инфектирани 111 лица, во Шангај 101, во Тиенчин 27 и во Чонгчинг 165 лица, додека во центарот на епидемијата на коронавирусот во провинцијата Хубеј бројот на заразени лица изнесува 4.586.



Слични вести