Силите на Асадовиот режим го зазедоа Маратунуман, најголемото населено место во Идлиб

По долги жестоки судири помеѓу опозиционерите и антирежимските вооружени групи и режимските сили, населеното место Маратунуман во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија премина во рацете на Асадовите сили

1349114
Силите на Асадовиот режим го зазедоа Маратунуман, најголемото населено место во Идлиб

Силите на Бешар Асад поддржани и од Русија, негирајќи ги и договорите од Астана и спогодбата од Сочи го зазедоа и ја воспоставија целосно контролата во населеното место Маратунуман, кое воедно е и најголемо населено место во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија. 

Режимските сили составени од војската на Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран, продолжуваат да напредуваат од копно во јужниот и југоисточниот дел Идлиб.

По долги жестоки судири помеѓу опозиционерите и антирежимските вооружени групи и режимските сили, населеното место Маратунуман премина во рацете на Асадовите сили.

Сириските режимски сили со поддршка и на Русија од воздух, во текот на вчерашниот ден зазедоа 15 населени места во југоисточниот дел на Идлиб и го зедоа под опсада Маратунуман најголемото населено место во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.



Слични вести