Реакција од Махмуд Абас против наводниот мировен план на Трамп: Ерсусалим не е на продажба

Абас на одржаната прес конференција во Рамалах го критикуваше наводниот Блискоисточен мировен план објавен од страна на американскиот претседател Доналд Трамп и рече: „Ерусалим не е на продажба“

1349279
Реакција од Махмуд Абас против наводниот мировен план на Трамп: Ерсусалим не е на продажба

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, соопшти дека го отфрлуваат наводниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп.

Абас на одржаната прес конференција во Рамалах го критикуваше наводниот Блискоисточен мировен план објавен од страна на Трамп и рече: „Ерусалим (Кудс) не е на продажба“.

Махмуд Абас рече дека не е променет ставот во однос на овој план кој од страна на Вашингтон се нарекува „Договор на векот“.

„Не е можно ниту еден палестински муслиман или христијанин да го прифати овој план.“ -  рече палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Од друга страна, Хамас соопшти дека силно ќе се спротивстават на наводниот мировен план којшто беше подготвен од страна на САД за којшто воедно се тврди дека „ќе изнајде решение“ за палестинско-израелското прашање.

Во објавеното соопштение од Движењето Фетих пак, се истакнува следното: „Ќе почнеме со отпор и да работиме за неуспехот на 'Договорот на векот' којшто претставува проект за ликвидирање на палестинската кауза.“

Во меѓувреме, во Газа, на Западниот Брег и во Хаифа беа одржани протести против наводниот мировен план.

Илјадници демонстранти покажаа реакција против американскиот претседател Доналд Трамп, извикуваа слогани против него и запалија гуми.

На протестот на Западниот Брег интервенираа израелските војници кои употребија пластични куршуми и солзавец и притоа беа повредени 10 Палестинци.



Слични вести