Реакции од светот против наводниот Блискоисточен мировен план на Трамп

Од страна на голем број земји во светот пристигнуваат реакции против наводниот Блискоисточен мировен план на Трамп со кој Ерусалим (Кудс) се предвидува да биде признаен како „неподелен“ главен град на Израел и практично да се уништи Палестина

1349457
Реакции од светот против наводниот Блискоисточен мировен план на Трамп

По објавувањето на наводниот Блискоисточен мировен план вчера од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, со кој ќе се уништи Палестина, почнаа да пристигнуваат реакции од голем број земји во светот.

Јордан соопшти дека е против овој план за којшто рече дека ќе стане причина за распарчување на Палестина.

Во објавеното соопштение од јорданското министерство за надворешни работи се истакнува дека единствениот пат е решението со две држави коешто го зема за основа формирањето на држава Палестина со главен град Источен Ерусалим.

Иран исто така покажа реакција против објавениот наводен мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп.

Советникот на иранскиот претседател Хасан Рухани, Хусаметин Ашина, планот го окарактеризира како план на насилно наметнување и санкција.

„Предавството на векот е осуден на неуспех“ - рече Тој.

Демократскиот сенатор на САД Крис Мурфи пак, предупреди дека планот за распарчување на Палестина кој што исто така го окарактеризира како „наводен мировен план“, ќе го води мировниот процес десетици години на назад.

Соопштението по ова прашање во име на Русија пристигна од специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Блискиот исток и Африка Михаил Богданов, кој велејќи дека планот ќе биде анализиран рече дека одлуката за наводниот план на САД нема да ја донесат Американците, туку конфронтираните страни.

Германскиот министер за надворшени работи Хеико Мас исто така го критикуваше наводниот Блискоисточен мировен план на Трамп.

Велејќи „Предлогот на САД станува причина за поставување на низа прашања“, Мас нагласи дека траен мир би можел да донесе само решението со две држави коешто ќе биде прифатливо и за двете страни.

И во објавеното соопштение од портпаролството на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) се истакнува дека генералниот секретар Антонио Гутерес покажа реакција против наводниот Блискоисточен мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во соопштението се наведува дека Гутерес ќе продолжи да ги поддржува Палестинците и Израелците за решавање на проблемот на основа на решението со две држави кои ќе живеат една покрај друга во мир во склопот на резолуциите на Обединетите нации (ОН), меѓународното право, билатералните договори и во склопот границите од 1967 година.

Во истото соопштение стои и следното: „Позицијата на Обединетите нации (ОН) во однос на решението со две држави долги години како е дефинирана со резолуциите на Советот за безбедност и Генералното собрание.“

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и социјална политика Жозеп Борел, ја нагласи желбата за решение со две држави коешто ќе одговори на легитимните барања на Палестина и Израел.

Европската унија (ЕУ) пак, донесе одлука за вонредно состанување на ниво на министри во сабота за разгледување на наводниот Блискоисточен мировен план на Трамп.



Слични вести