Бројот на починатите од новиот тип коронавирус во Кина се искачи на 132 лица

Поради новиот тип коронавирус (2019-nCoV) во Кина досега животот го загубија 132 лица, додека бројот на лицата кои се разболени од вирусот се искачи на 5.974 лица од кои здравствената состојба на 1.239 лица е тешка

1349538
Бројот на починатите од новиот тип коронавирус во Кина се искачи на 132 лица

Бројот на починатите во Кина поради епидемијата на новиот тип коронавирус (2019-nCoV) се зголеми на 132 лица, додека бројот на потврдени случаи на мистериозната вирусна пневмонија достигна до 5.974 лица.

Според објавеното соопштение од Комисијата за национално здравство на Кина, како последица на новиот тип коронавирус (2019-nCoV) којшто е проширен низ земјата со исклучок на Автономната област Тибет досега животот го загубија 132 лица, додека бројот на лицата кои се разболени од вирусот се искачи на 5.974 лица од кои здравствената состојба на 1.239 лица е тешка.

Заедно со тоа, бројот на лицата за кои постојат сомневања дека се разболени од смртоносниот вирус се зголеми на 9.239, а воедно бројот на лицата кои се држат под лекарско набљудување поради тоа што на било каков начин контактирале со лица заразени од коронавирусот се искачи на 59.990.

Бројот на инфектираните лица пак, кои досега се излечени и отпуштени од болница изнесува 103.

Освен тоа, бројот на лицата разболени од коронавирусот надвор од континентална Кина, во Специјалната административна област Хонгконг се зголеми на 8, а во Специјалната административна област Макао на 7 лица.

Во провинцијата Хубеј главниот центар на коронавирусот бројот на разболените од епидемијата се искачи на 3.554 лица, додека 125 од човечките загуби беа доживеани во оваа провинција. 

Според податоците на платформата „Инстантни податоци на епидемијата нов тип коронавирус низ земјата“, епидемијата надвор од Кина е забележана кај 14 лица во Тајланд, 7 во Јапонија, 5 во Сингапур, 5 во Америка, по 4 лица во Австралија, Франција, Германија и Јужна Кореја, 3 во Малезија, 2 лица во Виетнам и по 1 лице во Непал, Канада, Камбоџија и Шри Ланка.



Слични вести