Американскиот претседател Доналд Трамп го објави својот долгонајавуван наводен Блискоисточен мировен план

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека Ерусалим (Кудс) ќе биде признаен како „неподелен“ главен град на Израел и рече дека овој план ќе претставува „последна шанса“ за Палестинците

1349179
Американскиот претседател Доналд Трамп го објави својот долгонајавуван наводен Блискоисточен мировен план

Американскиот претседател Доналд Трамп на одржаниот состанок за претставниците на печатот во Белата куќа заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го објави за јавноста долгонајавуваниот едностран наводен „Блискоисточен мировен план“ кој што самиот го нарекува и „Договор на векот“.

Трамп истакна дека Ерусалим (Кудс) ќе биде признаен како „неподелен“ главен град на Израел и рече дека овој план ќе претставува „последна шанса“ за Палестинците.  

Велејќи дека овој наводен мировен план се состои од 80 страници, Трамп застана во одбрана на тоа дека планот содржи многу драгоцени точки ѝ за Израел ѝ за палестинската страна.

Тој истакна дека планот предвидува независна држава за Палестина којашто ќе се наоѓа во делот источно од главниот град Ерусалим (Кудс) и дека доколку се стави во примена овој договор Палестинците ќе располагаат со два пати поголема територија од онаа со којашто располагаат денеска.

Американскиот претседател Доналд Трамп наведе дека во рамките на планот Израел е спремен да преговара за условите на „државата Палестина која ќе се формира во иднина“ и нагласи дека се има за цел признавање на Израел и Палестина како национални држави.

Трамп рече дека според наводниот Блискоисточен мировен план, се предвидува на Палестина да и се даде рок од 4 години, а како што рече со цел да би можеле да се исполнат неопходните услови за да стане независна држава.

Во тие рамки, Трамп истакна дека се има за цел да се стави во примена и економскиот план во износ од 50 милијарди долари, за кој што застана во одбрана на тоа дека ќе ја заживее палестинската економија.

Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп наведе дека нема да се промени статусот на Месџид-и Акса и дека Израел ќе продолжи да ја воспоставува безбедноста во оваа област и да им овозможува на муслиманите да ги извршуваат своите верски обреди во Месџид-и Акса.

Трамп додаде дека ќе се зачува специјалната состојба на Јордан по ова прашање исто како што беше и до денеска и дека оваа земја ќе продолжи да работи со Израел.

Во меѓувреме, по состанокот за претставниците на печатот претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Донлад Трамп објави соопштение и на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер кадешто сподели и карта на којашто се прикажани границите на државите Израел и Палестина, како што се предвидува во објавениот наводен Блискоистиочен мировен план. 

Трамп напиша: „Постојано ќе бидам покрај државата Израел и еврејскиот народ. Силно ја поддржувам нивната безбедност и нивните права за живеење во нивната сопствена историска татковина. Веќе е време за мир!“  

Според картата споделена од страна на Трамп, окупираните палестински територии се прикажани како „легитимни граници“ на Израел и 15 населени места под изарелска окупација се прикажани како израелска територија.

Исто така, Ерусалим (Кудс) е прикажан како главен град на Израел, додека со ознаката „државата Палестина во иднина“ една област во источниот дел на Ерусалим (Кудс) е прикажана како територија на палестинската држава.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху исто така ги појасни деталите на наводниот Блискоисточен мировен план на Трамп.

Нетанјаху планот го окарактеризира како „Многу голема и историска придобивка за Израел“ и соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) во рамките на наводниот Блискоисточен мировен план, еврејските населени места на Западниот Брег ќе ги признаат за израелска територија.

Освен тоа, Нетанјаху истакна дека според планот на Трамп, Израел ќе го продолжи како што рече својот „суверенитет“ и над Јорданската долина.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху информира дека спроед планот на САД, палестинските бегалци чиј број изнесува приближно 6 милиони ќе немаат право да се вратат назад на своите територии и застана во одбрана на тоа дека планот ќе обезбеди голем придонес за регионалниот мир.



Слични вести