Во напад на терористите на ПКК/ЈПГ со возило бомба во Азез, во Сирија, загинаа најмалку 7 цивили

Во центарот на градчето Азез на сириска страна од границата, веднаш наспроти градот Килис во Турција, од страна на терористите на ПКК/ЈПГ беше извршен напад со возило бомба во кој загинаа најмалку 7 цивили, а повеќе од 20 мина се ранет

1347977
Во напад на терористите на ПКК/ЈПГ со возило бомба во Азез, во Сирија, загинаа најмалку 7 цивили

Во реализиран напад од страна на терористичката организација ПКК/ЈПГ врз градчето Азез во непосредна близина на турско-сириската граница, според првични добиени информации, животот го загубија најмалку 7 цивили, а повеќе од 20 мина се ранети.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, терористичката организација ПКК/ЈПГ исто како што прави и терористичката организација ДЕАШ, продолжува да извршува напади со возила бомби против цивилите.

Во центарот на градчето Азез на сириска страна од границата веднаш наспроти градот Килис во Турција, експлодира бомба поставена во возило .

Во бомбашкиот напад загинаа најмалку 7 цивили, а повеќе од 20 мина се ранети. Ранетите се префрлени на лекување во најблиските здравствени центри.

Под дејство на експлозијата беше причинета и материјална штета наоколу.

Во меѓувреме, 9 лица кои беа ранети во овој терористички напад во центарот на градчето Азез, беа донесени на турско-сирискиот граничен премин Онџупинар и оттука со амбулантни возила на екипите за итна помош 112 беа префрлени на лекување во Државната болница во градот Килис, во Турција. 

Како што се дознава, здравствената состојба на некои од ранетите е тешка и се наоѓаат во животна опасност.



Слични вести