Палестинскиот претседател Абас одби да разговара телефонски со претседателот на САД Трамп

Според добиени информации од анонимен висок функционер на палестинската управа, барањето на претседателот на САД Доналд Трамп за телефонски разговор беше одбиено од страна на палестинскиот претседател Махмуд Абас

1347702
Палестинскиот претседател Абас одби да разговара телефонски со претседателот на САД Трамп

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го одби барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за телефонски разговор.

Според добиени информации од анонимен висок функционер на палестинската управа, барањето на претседателот на САД Доналд Трамп за остварување на телефонски разговор беше одбиено од страна на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Истиот извор информира дека барањето за телефонски разговор пристигнало пред неколку дена, но нѐ даде подетални информации во врска со прашањето.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп неодамна соопшти дека пред средбата којашто ќе ја оствари со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 28 јануари (утре) во Белата куќа, во Вашингтон, ќе го соопшти својот таканаречен „Договор на векот“.    

 



Слични вести